Со одлична динамика се одвива реконструкцијата на патниот правец Драчево – Пеленица, со кој значително ќе се подобри квалитетот на животот на жителите од Драчево, Кисела Вода и на Студеничани. Оваа делница во Општина Кисела Вода, која е со многу оштетен коловоз, се реконструира по 30 години.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вели дека, покрај нов пат, првпат досега ќе се изгради тротоар, како и третирање на атмосферските води со цевки со профил ф1000.

– Патот за Пеленица, по 30 години голгота, конечно реалност! Со одлична динамика се одвива реконструкцијата на патната делница Драчево – Пеленица, која е фреквентна сообраќајница со должина од 3.370 метри и со ширина околу 6 метри. Ќе биде изграден и тротоар од едната страна, кој никогаш досега го немало. Тука ќе се изведат и третирање на атмосферските води со цевки ф1000 и поставување каналетки за одведување на водите. Ова е доказ дека се случува инфраструктурен бум во Кисела Вода, дека ги споделуваме заедничките вредности со Владата и се обединуваме околу клучни проекти што се во интерес на народот – истакна Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ