Заврши јавниот повик на Општина Центар за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758 денари.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информираше дека на овој повик, 1.735 пензионери аплицирале за еднократна финансиска поддршка од Општината која ќе биде исплатена до крајот на годината. Тој потенцира дека аплицирањето на 1.735 пензионери за еднократна парична помош од 2.500 денари е важен чекор кон обезбедување на поддршка за време на новогодишните празници.
– Во период на новогодишни празници кога целото семејство заеднички прославува, овие денови можат да бидат и дополнителен финансиски притисок за пензионерите. Затоа, наша задача е да им го олесниме секојдневието. Интересот за јавниот повик беше навистина голем, верувам дека овие средства ќе им помогнат за празничниот семеен буџет – вели Герасимовски.