EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Американската скијачка Бризи Џонсон (29) го освои златниот медал на Светското првенство во алпско скијање што се одржа во Залбах, Австрија. Бризи заплака по трката во спуст на која беше најдобра, а јасно е зошто толку емотивно го доживеа најголемиот успех во кариерата. Американката дојде до титулата откако беше суспендирана на 14 месеци поради прекршување на правилата на антидопинг агенцијата.

Бидејќи пропуштила три допинг-тестови во период од една година, бидејќи не ја пријавила адресата, скијачката Бризи Џонсон одлежа казна од 14 месеци. Таа беше суспендирана во октомври 2023 година, се врати во декември 2024 година, а сега го доживеа најголемиот успех во кариерата.

Досега нејзиниот најдобар резултат беше седмото место во спуст на Олимписките игри 2018 во Пјонгчанг. Таа имаше седум пласмани на подиумот во Светскиот куп, последен во 2021 година, но ниту една победа. Во поредокот за Малиот кристален глобус 2021 година, таа беше четврта во спуст и тоа беше еден од моментите во нејзината кариера со кои можеше најмногу да се гордее.

Џонсон стартуваше прва во Залбах, а на крајот победи со време 1:41:29. Мирјам Пухнер беше втора со 15 стотинки заостанување, а трета заврши чешката скијачка Естер Ледецка со 21 стотинка побавно време. Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами не ја заврши трката, додека Италијанките Федерика Брињоне и Софија Гоџа потполно потфрлија, како и легендарната Линдзи Вон, која покажа дека не е во вистинската форма по враќањето на патеката, бидејќи трката ја заврши само со речиси две секунди заостанување.

ИЗДВОЕНИ