„По 100 години ги изведов родителите на ручек“: Вучиќ семејно во Борча/ВИДЕО

105

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави видео од заедничкиот ручек со неговите родители во Борча.

– По 100 години ги изведов родителите на ручек. Во градот. Во Борча. Среќен што ги имам. – рече Вучиќ.

– Еве сме во Борча, кафаната БСК, позната по свинското месо, кај Јоца. Дојдов со мајка ми и татко ми како што ветив, а тие не веруваа дека ќе го одржам тоа ветување. Мајка ми Ангелина и татко ми Анѓелко ги сакам многу и никој никогаш не може да го каже тоа. Нам ни е тешко кога треба да зборуваме за ова. И денес имавме сериозна расправија, јас и Андреј уште како деца секогаш се натпреварувавме кого повеќе сакаат нашите родители, па јас реков дека мајка ми повеќе го сака Андреј, а Андреј го кажа спротивното. Не се секирај мамо, на брат ми му пакуваме бајадера и килограм зелка и го носиме во Нов Белград да јаде. Благодарам за љубовта, благодарам за сѐ и се надевам дека на ист начин ќе успеам да им ја вратам на моите деца“, изјави Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ