Општина Новаци ова година обезбеди по 10.000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици во основно образование. Исто така и оваа година како и изминатите три ќе бидат набавено таблети за четвртоодделенците со цел квалитетно следење на наставната програма и содржини.

– Направени се нови санитарни јазли и реновирани се училниците и ходниците во централното училиште, набавени се електронско – технички помагала, смарт табли, телевизори и нагледни средства, Општина Новаци постојано вложува во образованието на децата и во подобрување на условите во училиштата – соопштија од општината.

– На првачињата им посакувам да се радуваат на првиот училишен ден кој секогаш ќе го паметат како почеток на еден нов период  во животот а на останатите ученици им посакувам успешен почеток на учебната година – вели градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски.