Вчера вечерта експлодирал плински бојлер во бања во стан во Загреб, при што тешко била повредена 38-годишна жена, извести загрепската полиција.
Експлозијата се случила околу 20:40 часот на улицата Косорова во стан сопственост на 63-годишен маж, а корисничката на станот е тешко повредена, додава полицијата.
На жената ѝ била укажана лекарска помош на Клиниката за трауматологија на Клиничкиот болнички центар на сестрите на милосрдието, каде е задржана на лекување.
Вработените во централата за гас го затворија доводот на гас, а истрагата е во тек.