Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе им се врати на редовните службени и партиски активности, пренесува „Вечерњи лист“.
Пленковиќ беше отпуштен дома нешто по 17 часот од Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Загреб, каде што беше лекуван синоќа поради повремено нарушување на срцевиот ритам, а во понеделник ќе се врати на редовните активности, потврдија од владата за Хина.
Процедурата на која Пленковиќ се подложи синоќа беше претходно планирана и мина без проблеми, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе им се врати на редовните службени и партиски активности, посочуваат од хрватската Влада.