Почнувајќи од февруари, административните службеници во Општина Кисела Вода ќе добијат покачување од 3.000 денари, додека со предвиденото покачување на минималната плата од Владата, вкупното зголемување на мартовските плати, ќе изнесува околу 5.000 денари.
Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, денеска го потпиша новиот колективен договор со претседателот на Синдикална организација на САДУ на Општина Кисела Вода, Далибор Стојановски.
Тој истакна дека оваа одлука е резултат на посветеноста кон подобрување на условите за работа и мотивацијата на административните службеници, кои се клучен дел од функционирањето на локалната самоуправа.
– Успешна општина значи задоволни граѓани кои добиваат брза и ефикасна услуга, а тоа е невозможно без мотивирана и вредна администрација. Со ова покачување на платите, сакаме да покажеме дека нивниот труд е ценет и дека ќе продолжиме да инвестираме во луѓето кои се основа на напредокот на општината – изјави Ѓорѓиевски.