Потрошувачите во еврозоната очекуваат значително помал раст на платите од инфлацијата од следното лето, покажа истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ). На крајот од летото идната година, годишната стапка на инфлација ќе изнесува 2,7 отсто, оцениле потрошувачите. Додека, според ЕЦБ, стапката на инфлација следната година во просек ќе биде 2,2 отсто, а во 2026 година ќе се намали на 1,9 отсто.
Во август, според пресметките на „Евростат“, цените биле за 2,2 отсто повисоки од лани. Според оцената на граѓаните во истражувањето на ЕЦБ, треба да се зголемат номиналните плати до крајот на летото следната година, за 1,2 отсто, а номиналната потрошувачка за 3,2 отсто.
Во истиот период, економијата на еврозоната би требало да се намали за 0,9 отсто, нешто поблаго отколку што очекуваа досега граѓаните. Стапката на невработеност треба да биде 7,5 отсто, покажа истражувањето.
Во истражувањето на ЕЦБ учествувале околу 19.000 граѓани од 11 земји од еврозоната, вклучувајќи ги: Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Холандија, Ирска, Грција, Австрија, Португалија и Финска.