Платите на вработените во Општина Бутел ќе се зголемат за 3.000 денари

53

Општина Бутел потпиша договор со Синдикатот, со кој се овозможува зголемување на платите на административните службеници од оваа локална самоуправа.

-Уште со јануарската плата вработените ќе добијат покачување од 3.000 денари. Со овие мерки правиме напори за подобрување на условите за работа на администрацијата. Очекувам и натаму ефикасно и ефективно да ја извршуваат својата работа, исклучиво во насока на интересите на граѓаните. Успешна општина значи задоволни граѓани кои добиваат брза и ефикасна услуга, а тоа е возможно само ако имаме задоволни и мотивирани вработени – вели градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

 

ИЗДВОЕНИ