Платил 17 евра за лет до Мароко само за да се потстрижи: „Поевтино е отколку во Британија“

121

Едно момче објави вирално видео на Инстаграм во кое објасни дека патувал од Велика Британија до Мароко само за да се потстриже и – тоа било поевтино од одење на фризер во земјата каде што живее.

Во видеото кое стана вирално на социјалните мрежи со повеќе од 7,8 милиони прегледи, корисникот @briaklii, вистинско име Хамза, влегува во берберница во Велика Британија и прашува колку би чинело фризура. Одговорот е 36,50 фунти (43,60 евра).

Неговата следна мисла не била да бара поевтин фризер, туку да резервира лет за Мароко, кој го платил 15 фунти или 17 евра. Во видеото тој рече дека цената е „луда“, па отишол со воз до аеродромот Стенстед, кој го чинел 3 фунти (околу 3 евра).

„Повеќе би сакал да земам лет од 15 фунти на Рајанер до Мароко и дефинитивно да потрошам помалку од 36 фунти за фризура“, рече тој.

За среќа на Хамза, таму живее неговото семејство, кое откако ги посетил, отишол да се шиша, што го чинело нешто помалку од 2 евра. Со патување и фризура, Хамза потрошил нешто повеќе од 20 фунти (23 евра), па неговиот подвиг се исплател. Сепак, треба да се напомене дека тој имал бесплатно сместување и превоз од аеродромот, што секако му помогнало да ги намали трошоците.

Неговото видео предизвика поделени мислења, а додека повеќето коментираа дека трошоците за живот во Британија се навистина луди, други му напишаа дека требало да бара поевтина услуга во Лондон.

„Поефтино би било ако одите до турските бербери и да се потстрижете за 15 фунти“, беше еден од коментарите.

 

 

ИЗДВОЕНИ