Вработените во „Факом“ ја добија јануарската плата и К-15 за минатата година. Од страна на менаџерскиот тим дадено е уверување дека до вторник ќе биде исплатена и платата за февруари, како и регрес за годишен одмор за 2023 година и ќе биде извршена доплата за разликата од помалку уплатената плата за декември 2024 година.
– Пред десетина дена Синдикатот на работниците од индустријата, енергетиката и рударството на Македонија – СИЕР и ССМ заедно со работниците организираше штрајк во кругот на фабриката, поради неисплатените плати, ланскиот К-15 и тринаесеттата плата за 2023 година, во изминатиот период се воделе преговори со менаџерскиот тим, кои почнаа да го даваат првичниот резултат – информираа од ССМ.