Италијанскиот фудбалер, Федерико Бернардески, веќе речиси три години игра во американската МЛС каде настапува за Торонто, а во последно време не е многу во јавноста. Затоа многумина се изненадија кога видоа како изгледа тој денес, а има само 30 години.
Бернардески е запаметен по неговите игри во Италија, каде играше за Фиорентина и Јувентус, а потоа во летото 2022 година донесе изненадувачка одлука да ја напушти „Старата дама“ и да ја продолжи кариерата „преку барата“.
Крилниот напаѓач реши следна дестинација да биде американската МЛС, а потпиша за Торонто каде пристигна како слободен играч.
За разлика од минатото, поранешниот репрезентативец на Италија не е толку актуелен во јавноста и затоа голем беше бројот на тие кои беа шокирани кога видоа како изгледа Бернардески денес и очигледно е дека имал неколку посети на пластичен хирург.
Торонто објави емисија посветена на својот фудбалер, но во јавноста во моментов најмногу се зборува за изгледот на крилниот напаѓач.
Бернардески има само 30 години, но во моментов изгледа многу постар и многумина не можеа ни да го препознаат.
Очигледно е дека Италијанецот имал неколку корекции на лицето, но неверојатно е колку „остарел“ преку ноќ бидејќи едноставно повеќе не личи на себе.
Коментарите на социјалните мрежи најмногу се посветени на неговиот сегашен изглед.
„Што се случи со овој човек? Не можев да го препознаам“, „Изгледа дека целосно се адаптирал на животот во Торонто, одењето на пластична операција е секојдневна појава“, „Изгледа како да има 60, а не 30 години“, се само дел од коментарите за изгледот на поранешната ѕвезда на Јувентус.
Бернардески има договор со Торонто до крајот на 2026 година, а иако имаше шанси да се врати во Европа, изјави дека тоа нема да го направи и дека е многу среќен во клубот за кој настапува моментално.