Легендарниот шпански тенор Пласидо Доминого на 14 март (21 часот) ќе одржи концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој ќе настапи заедно со Марија Жозе Сири драмски сопран, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет и под диригентската палка на шпанскиот диригент Жорди Бернасер
„На 14 март за првпат ќе настапам во вашата прекрасна земја. Програмата на концертот ќе ги разбуди сите емоции, радост, смеа и се надевам, моменти кои ќе ги паметиме. Ова е моја прва посета на Македонија и навистина сум возбуден што конечно ќе ја доживеам магијата на вашата прекрасна земја. Со нетрпение очекувам да се сретнам со македонската публика и да ја споделиме оваа специјална вечер заедно. Едвај чекам да ве видам таму“, вели во видео пораката легендарниот шпански тенор Пласидо Доминого кој на 14 март (21 часот) ќе одржи концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој ќе настапи заедно со Марија Жозе Сири драмски сопран, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет и под диригентската палка на шпанскиот диригент Жорди Бернасер. Настанот кој се одржува во организација на Македонскатаа опера и балет во копродукција со Прагма продукција и со поддршка на македонското Министерство за култура и туризам, предизвика огромен интерес кај јавноста која со нетрпение го очекува настапот на ова големо име од светската оперска сцена.
“На 14 март Скопје ќе биде домаќин на еден од најзначајните музички настани во својата историја. Овој концерт е наша шанса за позиционирање на Република Македонија на светската сцена“, посочи Оливер Арсовски, директор на Македонската опера и балет.
Инаку, маестро Пласидо Доминго во својата кариера од околу 50 години, ја задолжи светската оперска уметност со над 150 солистички улоги. Над 440-те настапи, од кои 600 настапи како диригент се потврда за неговиот уметнички статус. Тој е едно од најпочитуваните имиња од класичната музика кој има добиено безброј признанија и престижни награди, вклучувајќи и 12 Греми награди. Член е на Тројцата тенори со Хозе Карерас и Лучано Павароти, режисер и диригент, но и почесен уметнички директорт на стогодишниот фестивал Arena di Verona и генерален директор на операта во Лос Анџелес и на Националната опера во Вашингтон. Ова се ангажмани со кои маестро Доминго ја потврдува интернационална кариера со репутација на извонреден пејач, но пред се и извонреден уметник. Тој е основач и претседател на престижниот меѓународен натпревар за пеење „Опералија“ кој го формира со цел да открие и промовира млади таленти.
Марија Хозе Сири е драмски сопран број еден во светот. Таа е признаена како извонреден интерпретатор на најпознатите хероини на Верди и Пучини. Бележи над 150 настапи во улогата на Аида, а има настапено и на Мајските оперски вечери во 2010 година. Таа гостува во врвни оперски куќи, низ Европа, Азија, Америка, маѓепсувајќи го оперскиот свет со својата уметност, страст и моќно сценско присуство.
Жорди Бернасер, пак, соработува со Доминго од 2012 година. Тој е еден од врвните шпански диригенти денес. Редовно настапува во најпрестижните театри и со реномирани артисти.
„Програмата на концертот ќе биде поделена на два дела. Првиот дел ќе биде од италијанската музичка култура, од познатите арии на композитори Белини, Верди, Пучини…, а вториот дел ќе биде повеќе проткаен со музичка литература од шпанското музичко творештво и со неколку арии со оперетите на Штраус, и Лехар.
Христијан Стефановски од Прагма продукција пак, посочи дека идејата за гостување на Плсидо Доминго постои веќе неколку години.
„Минатата година во разговори со Националната опера и балет конечно постигнавме договор годинава маестрото да гостува кај нас. Ова е специјално гостување и не е дел од некаква турнеја, а се случува 20 години од гостувањето на тенорот Хозе Карерас да имаме една ваква ѕвезда во нашата држава“, посочи Стефановски. Во однос на барањата на ѕвездата, тој рече дека тие се скромни, а се однесуваат за сместувањето и храната.
„Некои нови балкански ѕвезди имаат поголеми барања од суперстарот како Доминго, објасни тој, посочувајќи дека желбата и кај Доминго за настап во нашата земја, која ја почитува и со самото тоа што во својата порака ја нарече – Македонија.
Стефановски додаде и дека интересот за билетите за овој настан е голем и во земјите од соседството. (Д.Т.)