Планот за киднапирање бил од 2022 првично да се грабне жена

853

Во Кривичниот суд сведочи обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Велибор Манев. Првичниот план на членовите на Десна бил да киднапираат жена до 40-тина години за барање на откуп.

Планот бил кован уште во 2022 година, но немале необележано возило, а се да се реализира најдобро било да најдат некој пензионер кој имал стар автомобил.  Манев кој имал нерасчистени односи во Панче се сетил на него.

Манев кажа дека сите детали од планот ги осмислил Палевски. За планот со киднапирањето првично на жена за откуп, ископале земуница кај местото каде што го закопале Панче, викано Рудник година и пол пред убиствата.

Кај Панче отишле на 23 утрото, го чекале да излезе, но било студено и Палчо предложил да му тропнат на врата. Го турнал Боре на земја, а Велибор му ја врзал устата да не вика. Биле со маски и не го познал, а Палчо влегол дома му го земал телефонот и клучевите од цитроенот. Цело време комуницирале со мотороли. Панче го ставиле врзан во гепекот од својот автомобил.

Обвинетиот сега зборува како го оставиле во направената земуница…

Да не расипуваме пријателство имаш убава фамилија, му рекол Палчо на Велибор

ИЗДВОЕНИ