Планинарите изгубени на Шар Планина – пронајдени од полицијата

0
40

Дванаесеттемина планинари за кои завчера било пријавено дека се изгубени во планинскиот предел на Шар Планина, вчера доцна вечерта биле пронајдени, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дека со планинарите не може да се воспостави контакт било пријавено во неделата во 21:35 часот, на единствениот повикувачки број 112. Последната локација, како што информирал тој што пријавил, на која биле регистрирани планинарите била во месноста Три Чешми, во близина на границата со Косово.

Од ЦУК велат дека биле пронајдени планинарите половина час подоцна, во 22:05 часот.

Планинарите завчера тргнале на Шар Планина, над Општина Теарце, кај селото Пршовце, со цел да одат во местото викано Доброшки Езера.

Денеска, за потрагата по планинарите информираа и од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што рекоа дека биле пронајдени планинарите во добра здравствена состојба и оти биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, на преглед.

– На 3.11.2024 во 22:10 часот, над селото Пршовце, Тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициските службеници од СВР Тетово ги пронајдоа во добра здравствена состојба 12-темина планинари од селата Боговиње, Лисец, Раковец, Пршовце и од Тетово. Во 21:30 часот, А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив. Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, на преглед – се наведува во соопштението од МВР.