Планинари во Чешка пронашле скриено богатство од Југославија вредно 300.000 евра: Никој не знае како завршилo таму

511
Foto: Pexels

Додека шетале по падините на планината Звичина во Чешка, двајца планинари, чии имиња не се објавени, пронашле скриено богатство проценето на околу 300.000 евра. Богатството, откриено во февруари, содржело 589 златници, извонреден накит и други вредни предмети.

Целото богатство тежи околу 7 килограми, а дури 3,7 килограми се составени од златни монети, според „Аркеоњуз“.

Планинарите прво пронајдоа алуминиумска кутија со монети, распоредени во 11 групи и завиткани во црна ткаенина, во близина на границата со Полска. Недалеку од таму, пронашле и железна кутија со 16 кутии тутун, 10 нараквици, чешел, приврзок за клучеви…

Експертите во Музејот на Источна Бохемија во Храдец Кралове сè уште се обидуваат да разберат како толку вредна колекција завршила закопана на оваа локација.

ИЗДВОЕНИ