План на ЕУ во случај на криза: „Време е да се поправи покривот додека сонцето сè уште грее“

101

Европската комисија планира да ги предупреди граѓаните да бидат подготвени да си обезбедат храна и основни потреби најмалку 72 часа во случај на криза, се вели во нацртот на Стратегијата за подготвеност на ЕУ што го виде Политико.

„Во случај на сериозни нарушувања, почетниот период е најкритичен“, се наведува во документот, кој предвидува сценарија како што се војна, сајбер напади, заразни болести и поплави предизвикани од климатските промени.

Пет години по првите заклучувања поради пандемијата Ковид-19 и три години од почетокот на руската инвазија на Украина, додека заканите од природни катастрофи и економски шокови продолжуваат, новата стратегија доаѓа во време кога Европа се чини дека се движи од една во друга криза.

„Ниту една од големите кризи во последниве години не беше изолирана или краткотрајна“, се истакнува. „Европа повеќе не може да си дозволи да реагира само кога ќе се појават проблеми.

Заменик-претседателката на Европската комисија Роксана Минзату планира да ја претстави стратегијата оваа среда.

„Време е да се поправи покривот додека сè уште грее сонцето“, изјави таа за Политико, додавајќи дека Комисијата сака да им помогне на граѓаните – и на ниво на секое домаќинство. Според нацртот, стратегијата треба да создаде „безбедна и издржлива Европска унија која ќе има капацитет да предвидува и да управува со заканите и кризите, без оглед на нивната причина или извор“.

ИЗДВОЕНИ