Плаќањето на заостанатите сметки за вода без камата завршува на 2 април

38

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ги известува граѓаните дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува заклучно со 2.4.2025 година.

Од претпријатието ги повикуваат сите корисници што имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.

– Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и на локалната власт и за другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон и институциите што вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од Градот Скопје, како и од општините во Градот Скопје – нагласуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

По истекот на овој период, одлуката престанува да важи.

 

ИЗДВОЕНИ