Од Град Скопје информираат дека се изготвени решенијата за данок за имот за 2025 година. Тие се достапни за плаќање за сите граѓани кои оваа обврска ја плаќаат онлајн, преку официјалната веб-страница на Град Скопје или на шалтер. Решенијата во хартиена фирма деновиве ќе пристигнат и на домашните адреси на скопјани.
Според достапните информации на веб-сајтот на Град Скопје, законскиот рок за издавање на решението за висината на данокот на имот се донесува најдоцна до 31 март. Граѓаните можат да го подмират данокот преку порталот на Град Скопје.
За влез на веб-страницата за онлајн плаќање на данокот потребна е регистрација со мејл-адреса и внесување на даночниот број. Данокот за имот за оваа година може да се плати најдоцна до 15 ноември 2025 година.