Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, победи на трката за Големата награда на Бахреин откако доминираше цел во текот на целиот викенд. По пол-позицијата во саботата, тој доминираше и на самата трка, оставајќи впечаток дека некој не може да му се закани и да му ја одземе победата.
Инаку, ова е втора победа за Пјастри во сезоната, четврта во кариерата, испраќајќи директна порака до сите дека има сериозна намера да загризе за титулата. Мекларен очигледно направи болид кој е уште подобар од минатата година, во моментов изгледаат најдобро на патеката, но можеби ја пропуштија целта да проценат кој ќе им ја донесе титулата – затоа што во моментов Пјастри изгледа подобар од „првиот возач“ Ландо Норис, што може само да им ги расипе плановите.
Норис имаше многу проблеми во Бахреин, беше само шести на квалификациите, правеше големи грешки на патеката и изгледаше многу нервозно на трката, но на крајот ја мина целта на третото место благодарение на страшната машина што ја возеше. Може дури и да се искачи на второто место ако второпласираниот Џорџ Расел биде казнет, бидејќи истрагата сè уште е во тек.
Oscar Piastri is undeniably a title contender in 2025.
He’s been faultless all weekend, dominating with a 15 second lead. pic.twitter.com/lCjB2uY2Yn
— formularacers (@formularacers_) April 13, 2025
Двете Ферарија, исто така, завршија во бодовите – Шарл Леклер и Луис Хамилтон, додека Макс Верстапен имаше нови проблеми и ја мина целта само на шестото место со својот Ред Бул, кој секако изгледа најслаб во однос на последните пет години. Седми беше Пјер Гасли (Алпин), осми Естебан Окон (Хас), деветти Јуки Цунода (Ред Бул), додека еден бод освои и Оливер Берман (Хас).
S✨P✨A✨R✨K✨S#F1 #BahrainGP pic.twitter.com/YiDVJvjV3Y
— Formula 1 (@F1) April 13, 2025
Во однос на генералниот пласман, Норис е на првото место со 77 бода, три помалку има Пјастри со 74, додека Макс Верстапен има 69 и некако се држи до третото место.
Следната трка во Формула 1 се вози следниот викенд (20 април) во Саудиска Арабија.