Само луд човек може да легне со озлогласениот параолимпиец Оскар Писториус. Но, очигледно така не мисли и неговата девојка Рита Грејлинг, со која е во врска по само неколку месеци откако излезе од затвор.
Писториус беше во затвор за убиство на поранешната девојка Рева Стинкамп. Она што сите го забележаа е дека новата девојка има огромна сличност со девојката што ја уби во 2013 година, а токму поради тоа, Рита доби предупредување од семејството Стинкамп.
- Дали е луда? Само ја гледам фотографијата на таа жена и се ежам. Најмногу ме шокираше колку личи на Рева. Тие се исто градени, имаат исто лице, коса, дури и очи. Толку ли е болен што сака да најде некоја како неа? Морам да се запрашам дали сакаше да ја замени Рева со друга, откако ја убил? Морам да се запрашам и како може една жена да ги затвора очите ноќе и да спие со маж за кој знае дека испукал четири куршуми во жената за која рекол дека ја сака. Толку сум шокирана што избра жена која личи на мојата Рева. Не можам да престанам да мислам на фактот дека се ослободи од една Рева, а потоа најде друга, гласи пораката на сестрата на Рева Стинкамп, Симоне.
Рита Грејлинг на тој начин добила јавно предупредување, а патем е ќерка на богат фармер. Сега таа е една од многуте русокоси девојки кои беа со параолимпиецот. Оскар е познат и по тоа што е женкар, своевремено имаше и паралелни врски со повеќе девојки.
Неодамна првпат беше виден со Рита, а фотографиите ги објавија семејните пријатели. Тие никогаш не ја потврдија врската, но тоа го потврди извор близок на двојката.
- Тој се обидува да го обнови својот живот на скромен начин, избегнувајќи ги кафулињата и рестораните и јавноста воопшто, вели изворот.
Додека тој ужива, семејството на несреќната Рив не може да ја преболи огромната загуба.
Семејството на Рита се најде во центарот на вниманието кога нејзиниот брат Џини беше вклучен во инцидентот. Неговиот близок пријател загинал во мистериозна несреќа во куќата во сопственост на семејството на Рита за време на забавата што ја организирал.
Писториус имал и други врски паралелно со Рива, а по неколку месеци таа се преселила во неговиот дом во Преторија. Ја убил на Денот на вљубените.
За убиството, Писториус одлежа девет години затвор.