Писмо напишано на последната пловидба на легендарниот „Титаник“, продадено е за речиси 400.000 долари на аукција

78
Фото:википедија
Писмо напишано во текот на последната пловидба на „Титаник“ на 15 април 1912 година, денеска беше продадено на аукција за речиси 400.000 долари, односно 350. 000 евра.
Писмото кое на 10 април 1912 година, го напишал патник од првата класа Арчибал Грејси, е продадено на приватен колечционер од Соединетите Американски Држави, соопшти аукциската куќа „Хендри Алдриџ $ синот оф Вилтршил во Англија.
Неговата книга која ја напишал по враќањето во Њујорк важи за еден од најдеталните извештаи за случувањата во ноќта кога потона „Титаник“, откако удри

 во санта мраз, кога настрадаа речиси 1.500 луѓе на своето прво патување.

За жал, Грејси никогаш не закрепнал целосно од преживеаната хипотермија и починал од компликации на дијабетес веќе кон крајо тна 1912 година.

 

ИЗДВОЕНИ