Писателот и есеист Салман Ружди денеска сведочеше против својот напаѓач, обвинет за обид за убиство за време на разговор одржан во 2022 година во рурален град во американската сојузна држава Њујорк.
За време на неговото сведочење, Ружди на поротата го покажал своето повредено десно око, пренесува Ројтерс.
Хади Матар (26) се изјасни за невин по обвиненијата на окружниот обвинител за обид за убиство од втор степен и напад од втор степен.
Ружди влезе во судницата со затемнети очила за да го покрие окото кое Матар го повреди со нож.
“Ме удираше многу, многу силно. Отпрвин мислев дека ме удира со тупаница, но потоа видов огромна количина на крв на мојата облека. Дотогаш напаѓачот повеќепати ме удираше, бодеше и сечеше”, изјави Ружди пред поротата.
Светски познат автор, тој го помина најголемиот дел од својот живот во 1990-тите криејќи се во ОК откако доби смртни закани поради неговиот роман „Сатански стихови“ од 1988 година.
Во нападот во 2022 година, тој беше избоден околу 15 пати во главата, вратот, торзото и левата рака, при што тешко повредени му беа десното око, црниот дроб и цревниот тракт.