„Незаборавно трагичен настан во Македонија. Би сакал да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите“ започна прес-конференцијата на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, во пресрет на натпреварите со Австрија во рамки на Лигата на Нации.

Тој предложи дека сака неговата селекција да одигра натпревар со Македонија кој би бил од хуманитарен карактер.

  • Незаборавно трагичен настан во Македонија. Би сакал да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите. Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да го контактира Фудбалскиот сојуз на Македонија за во наредниот период да одиграме натпревар со нив. Секако, сето ова би било од хуманитарен карактер. По трагедиите што ги доживеавме, ова е уште една голема, започна Стојковиќ на прес-конференцијата во Стара Пазова во пресрет на натпреварите со Австрија во баражот за останување во А-дивизијата од Лигата на нации.

ИЗДВОЕНИ