EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Рег Бул, Макс Верстапен, и годинава ќе стане шампион на Формула 1, секако, доколку не се случи чудо, откако на три трки пред крајот на сезоната има 60 бодови предност пред второпласираниот во генералниот пласман, Ландо Норис од Мекларен.

Сепак, во моментов во центарот на вниманието е момчето кое е 12. најдобро пласиран возач со само 26 бодa. Станува збор за Пјер Гасли, кој вози за Алпин и заврши трет во Бразил. Тој може да стане првиот возач во историјата на Формула 1 кој нема направено ниту една гребнатина на својот болид, а камоли штета. Гасли не направи ниту еден долар штета за својот тим, нема ниту проблеми со шасијата, дупната гума, скршено крило… штета од 0 долари и тоа никогаш досега не се случило во Формула 1.

Како за споредба го имаме примерот со неговиот тимски колега Естебан Окон, кој сезонава направи штета од милион долари, што повторно не е страшно.

Оваа сезона рекордер е возачот на Ред Бул, Серхио Перез, бидејќи Чеко направи штета од 4,8 милиони долари учествувајќи во неколку несреќи на патеката.

Остануваат уште три трки до крајот на сезоната и ќе видиме дали Гасли ќе испише историја, а за такво нешто треба да ја „преживее“ трката за Големата награда на Лас Вегас, овој викенд, потоа ГН на Катар и најпосле ГН на Абу Даби закажана за 8 декември.