EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фил Фоден (24), еден од клучните играчи на англиската репрезентација, привремено го напушти кампот крај Ерфурт на Европското првенство во Германија. Фудбалската асоцијација на Англија соопшти дека тој бил принуден на тоа од „итни семејни причини“.

Сè уште не е познато дали ќе се врати за осминафиналето каде што в недела од 18 часот „Гордиот Албион“ ќе игра против Словачка во Гелзенкирхен. Фоден беше стартер на сите три натпревари во групата.

Наводно, со својата долгогодишна девојка го очекува третото дете. Тие добија син во 2019 година, а ќерка во 2021 година.