Пет занимални во градинката „Лале“ опремени со нов мебел и еколошки креветчиња

46

Пет занимални во објектот „Лале, којшто е дел од детската градинка „Срничка“, се целосно опремени со нов мебел и нови еколошки креветчиња за безбеден и здрав сон на дечињата.

Од Општина  Аеродром информираат дека децата добиле и нови столчиња, масички, како и убаво дизајнирани плакари приспособени кон нивната возраст.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, при денешната посета на оваа градинка и имаше можност да се подружи со дечињата кои го пречекаа со позитивна енергија и многу насмевки.

-Инвестицијата во опремувањето на занималните овозможува децата да се развиваат во стимулативна и безбедна средина, што е од витално значење за нивниот социјален, емоционален и интелектуален развој – истакна Митески.

Објектот „Лале“ неодамна по цели 40 години, доби комплетно реновирани јаслени занимални каде што се поставени антибактериски подови за поголема заштита и безбедност на здравјето на дечињата, а старата и дотраена надворешност беше заменета со нова енергетско-ефикасна фасада.