Пет години по катастрофалниот пожар: Нотр Дам повторно ги отвори вратите, одржана свечена миса

36
EPA-EFE/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Во обновената катедрала Нотр Дам во Париз денеска се одржа свечена миса, пет години по катастрофалниот пожар.

На настанот, кој почна во 10.30 часот, присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, бројни јавни личности и државни лидери.

Мисата ја служеше парискиот надбискуп, а учествуваа и бискупи, свештеници и верници од целиот свет.

Папата Франциск, кој не присуствуваше на настанот, упати честитки, истакнувајќи дека обновата на катедралата е симбол на меѓународната великодушност и посветеност на уметноста, архитектурата и верата