Песков: Голем дел од Украина би сакал да биде руски

40
EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека значителен дел од Украина би сакал да стане дел од Русија и дека, според ситуацијата на теренот, тоа веќе се случило.

„Факт е дека значителен дел од Украина сака да стане Русија и дека тоа веќе се случи“, рече Песков, пренесе ТАСС.

Тој изјави дека четири нови руски региони се доказ за тоа тврдење, додавајќи дека луѓето и покрај ризиците на референдумот гласале за приклучување кон Русија.

Трамп претходно во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Украина може да стане дел од Русија и дека САД би можеле да бараат враќање на парите инвестирани во Украина, во форма на ретки метали во вредност од околу 500 милијарди долари.

„Можеби ќе има договор меѓу Русија и Украина, а можеби и не. Украина еден ден може да биде руска, или можеби не“, рече Трамп.

Песков рече и дека цитирањето на Трамп на рускиот претседател Владимир Путин не може да се смета за сигнал за приближување меѓу Русија и САД.

Песков одговори на објавата на Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“, во која тој сподели линк од изјавите на Путин за европските елити, нагласувајќи дека тоа повеќе ја одразува политичката агенда на Трамп отколку вистинска промена во односите меѓу двете земји, пренесе РИА Новости.

Тој нагласи дека контактите меѓу Русија и САД се интензивирани преку одредени канали и дека е важно изјавите на Путин да се анализираат и во Вашингтон за подобро да се разбере руската позиција.

Во врска со наводното доаѓање на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф во Москва, Песков рече дека Кремљ нема информации за таа посета.

ИЗДВОЕНИ