Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија, додека Москва останува подготвена да ги продолжи преговорите врз основа на договорот од Истанбул од 2022 година.
Песков посочи дека е премногу рано да се зборува за распоредување мировни сили во Украина, како што пишуваат некои медиуми, пренесе РИА Новости.
„Знаете дека засега украинската страна одбива какви било преговори. Всушност, самиот претседател (Володимир) Зеленски самиот ги забрани овие преговори“, им рече Песков на новинарите.