Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Путин и Виткоф ќе разговараат за украинското решение, што е добра можност да му се пренесе ставот на Русија на (американскиот претседател) Доналд Трамп“, рече Песков, пренесе ТАСС.
Прес-секретарот на рускиот лидер нагласи дека нивната средба ќе трае „колку што му треба на претседателот“.
Како што претходно јави руската агенција, Виткоф во хотелот Гранд Европа во Санкт Петербург се сретна со специјалниот пратеник на рускиот претседател и извршен директор на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.