Песков откри кога ќе се сретнат Путин и Трамп

16
EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека активностите за организирање контакти меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе започнат кога Трамп официјално ќе ја преземе функцијата претседател на САД.

Песков за новинарите изјави дека Москва ја поздравува желбата на Трамп да се вклучи во дијалог со рускиот претседател, но дека се уште нема конкретни планови за средба.

„Тргнуваме од взаемна подготвеност за средбата, но очигледно, откако господинот Трамп ќе влезе во Овалната соба, веќе ќе има одреден напредок“, изјави секретарот за печат на рускиот лидер.

Според него, не се потребни предуслови за преговори, потребно е лидерите да имаат заедничка желба за дијалог.

– За ова не се потребни никакви услови, потребна е само заедничка желба и политичка волја да се води дијалог и преку дијалог да се решат постоечките проблеми – изјави Песков пред новинарите.

Тој укажа на отвореноста на рускиот претседател за контакти со меѓународните лидери, вклучувајќи го и Трамп. Трамп денеска изјави дека Путин сака да се сретне со него и дека договараат средба, но не прецизираше временска рамка кога таа ќе се одржи.

Трамп со ударна вест: „Путин сака да се сретнеме“

ИЗДВОЕНИ