Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека руската страна ги продолжува контактите со САД по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можното воведување секундарни санкции за руската нафта во случај на неуспех да се реши конфликтот во Украина.
„Всушност веќе разговаравме на оваа тема вчера, ги продолжуваме контактите со американската страна, темата е многу сложена“, рече тој на брифингот, пренесува „Известија“.
Песков исто така појасни дека преговорите за решение на украинскиот конфликт се сложени и „бараат многу дополнителни напори“.
Трамп во неделата објави дека ќе воведе секундарни санкции за извозот на руска нафта доколку не се постигне договор со Русија за прекин на конфликтот во Украина.