Песков: Меркел го осудува Путин поради кучето, а во Европа ги носат во ресторани и ги возат во јавниот превоз

710
Фото: EPA/SERGEI CHIRIKOV

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков се осврна на мемоарите на некогашната германска канцеларка Ангела Меркел во кои таа наведува дека рускиот претседател Владимир Путин при нивна среба „демонстрирал сила“, бидејќи „намерно ја плашел со своето куче“.

„По таквата изјава се наметнува прашањето. Не станува збор за никаква демонстрација на моќ. Таквата изјава е чудна, имајќи на ум дека луѓето во Европа се возат во јавниот превоз со своите домашни милениви и ги носат во ресторани“, изјави песков за новинарот Павел Заробин.

Меѓутоа, продолжи Песков, кога е во прашање кучето на Путин, тоа е, наводно, некоја „демонстрација на сила“.

Таквите изјави збунуваат бидејќи Путин навистина срдечно ја пречека Меркел, и прирдени максимално гостопримство, наведе Песков.

На прашањето дали е можно да го излажеш Путин  и дали Меркел навистина лажела, Песков тврди дека „можеме само да претпоставиме“.

Според него, Меркел, иако е во пензија, е моќна политичка фигура, чиј авторитетл и понатаму има сила со оглед на тоа што германски политичари ја слушаат.

„Нејзините зборови се скапи во вакви ситуанции, Германците ја слушаат, па јасно е “, наведе тој.

Од друга страна, Путин навистина сметаше на конструктивен, рамноправен и взаемно корисен дијалог и веруваше дека преку соработка може да се дојде до стабилност и заштита од одредени геополитички ризици, наведе Песков.

„Беше секогаш подготвен да ги слушне проблемите на кои укажува другата страна. Тоа е она за кое зборуваме денеска кога зборуваме за нашиот поглед на свет. Но се чини дека тоа не се поистовети со вистинското расположение на самата Меркел“, заклули портпаролот, пренесува РТ Балкан.

 

ИЗДВОЕНИ