Песков ги демантираше наводите дека се подготвуваат средби на Путин со Шолц и Трамп

55
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги негираше наводите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува средби со германскиот канцелар Олаф Шолц и со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Претходно пратеникот во Бундестагот Родерих Кизеветер изјави дека подготовките за тие средби се во тек. Тој изјави дека Шолц би можел да ја посети Москва пред 23 февруари, а средбата меѓу Трамп и Путин е закажана за март.

Во моментов нема такви планови, изјави Песков за агенцијата Тасс.

 

Како што претходно пишуваше магазинот „Шпигел“, Христијанско-демократската унија наводно добила информација дека Шолц наскоро би можел да замине во Москва за да го подигне рејтингот на својата Социјалдемократска партија пред изборите на 23 февруари.

Германската влада за агенцијата Тасс изјави дека тоа е измислица, а водечките политичари на СПД го обвинија Кизеветер за ширење лажни информации во изборната кампања.

ИЗДВОЕНИ