EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ им порача на српските новинари и јавноста да не се „палат“ премногу пред Олимписките игри.

Нашиот северен сосед важи за еден од фаворитите за висок пласман, но нивниот селектор предупредува на претпазливост пред големиот спортски настан.

  • Тренираме, но не сме на нивото на кое сакам физички да бидеме. Кај сите постои огромна желба. Се надевам дека ќе дојдеме до тој физички статус, бидејќи противниците во нашата група играат со многу трчање и огромна желба да се претстават во најдобро светло. Што се однесува до нас, имаме талент и квалитет, но физички мораме да бидеме во многу добра кондиција против овие селекции. Групата ни е многу комплицирана, не кукам и не се жалам, бидејќи верувам во мојот тим. Само смирете се, спуштете ја топката, ќе биде комплициран турнир, порача Пешиќ.

Потоа ги повика српските новинари да бидат реални и „да не го палат народот“.

  • Реално е да бидеме втори, тоа треба да ни биде целта. Потоа можеме да играме со првиот или вториот од втората група. Можеме да ја добиеме Канада, а ако се случи тоа, тогаш сè е проблематично. Така е за сите, 10 селекции се кандидати за медал, освен Јапонија и Јужен Судан. Не треба да се „палите“, да ѝ објаснувате на јавноста како стојат работите и да не зборувате за тоа како можеме да го победиме САД. Ние не го кажуваме тоа, а не треба ниту вие. Ние сме им благодарни, работиме на создавање на хемија. Различно е да се работи во клуб и во репрезентацијата. Различен е пристапот. Важно е кошаркарите да разберат и да се поврзат. Како тренер, можам да кажам дека успеавме да се чувствуваме зависни еден од друг и тоа е најважно во овие моменти. Едно лошо јаболко расипува сè. Селекторската работа е исклучително напорна, не се работи само за тактика, туку е потребно големо разбирање и доверба надвор од теренот и тоа од двете страни, додаде Пешиќ.

Популарните „орли“ го отвораат турнирот на 28 јули против САД во 17:15 часот, а три дена подоцна во истиот термин го играат дуелот со Порторико, додека на 3 август се игра мечот со Јужен Судан со почеток во 21 часот.