EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Шпанските медиуми пренесоа дека селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, ќе го преземе каталонскиот кошаркарски гигант, екипата на Барселона, но засега нема никаква официјална потврда.

  • Како што ни објаснија, состанок меѓу Пешиќ и клубот, без клучни службеници на Барселона, бил одржан за да се подготват за понатамошни разговори. Постојат разговори во врска со неговата ќерка, која работи во клубот и е дел од академијата на Барселона, со која српскиот тренер има соработка, наведуваат шпански извори.

Од друга страна, пак, српските медиуми се уверени дека нема да дојде до соработка меѓу Пешиќ и Барселона, која Србинот ја водеше во два наврата, од 2002 година до 2004 година, а потоа од 2018 година до 2020 година. Повеќе од три години е селектор на Србија, со која има сребро од Мудобаскетот во 2023 и бронза од Олимписките игри во 2024 година.

ИЗДВОЕНИ