EPA-EFE/ALI HAIDER

Светот на Формула 1 е често суров и не проштава грешки, а тоа најдобро на своја кожа го почувствува мексиканскиот возач, Серхио Перез. Мексиканецот го продолжи договорот со тимот на Ред Бул до 2026 година, но тоа не му гарантира место во болидот.

Последната победа Перес ја забележа во април 2023 година на трката за Големата награда на Азербејџан, оваа сезона имаше едно второ и две трети места, а на последните пет трки освои само 11 бода.

Тој често не успеваше да стигне до третиот дел од квалификациите, додека не ги заврши ниту трките во Монако и Канада за да ја заврши последната трка за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстон на 17. место.

По сите незадоволителни резултати, се шпекулира дека има одредени клаузули во неговиот договор кои доколку ги раскине може да го чинат место во Ред Бул по летната пауза.

  • Сите договори во Формула 1 имаат излезни клаузули, од кои повеќето се поврзани со перформансите. Ќе имаме евалуација за време на летната пауза – и потоа ќе донесеме одлука, истакна првиот човек на тимот, Хелмут Марко.

Се наведува дека последниот збор ќе го има Кристијан Хорнер, а како замена за Перес веќе се споменува Даниел Рикардо, Австралиецот кој веќе возеше за Ред Бул и го напушти тимот поради незадоволство.

Инаку, тимот на Ред Бул минатата година ја освои двојната круна, во конкуренција на конструктори и на возачи, па затоа апетитите на овој тим се на највисоко ниво.