
Во два различни мандати како прв човек на Реал (М), Флорентино Перез реализира бројни трансфери кои изгледаа невозможни, но порано или подоцна беа остварени.
Последната голема работа секако е доведувањето на Килијан Мбапе, со кого претседателот на „кралскиот клуб“ имаше трпение, чекаше да му истече договорот со ПСЖ и го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.
Перез го направи еден од најголемите трансфери пред четврт век кога успеа да го донесе Луис Фиго од Барселона. Договорот се смета за едно од најголемите предавства во историјата на фудбалот.
Сега „Мундо Депортиво“ пишува дека Перез го прашал Жорге Мендеш за ситуацијата околу Ламине Јамала и веднаш добил јасен одговор.
Со оглед на тоа што Јамал допрва треба да порасне, неговото доведување би било можеби уште позвучно од она на Фиго во 2000 година.
Сепак, Мендеш многу брзо го олади Перез и јасно му порача дека нема ништо можната преселба на Јамал на „Сантијаго Бернабеу“.
И Јамал претходно го кажа својот став и беше доста директен дека нема намера да игра за Реал (М).
„Немам интерес да му се приклучам на Реал (М) во ниту еден момент од кариерата“, изјави најдобриот млад фудбалер на светот.
Ако некогаш ја напушти Барселона, повеќе би сакал да се пресели во странство отколку да им се придружи на нивните најголеми ривали.
На него внимава и ПСЖ, а францускиот клуб кој претходно ги ангажираше Неимар и Лионел Меси, верува дека може да го убеди да им се приклучи.
Со својата финансиска моќ во француската престолнина се убедени дека можат на Шпанецот да му понудат плата која не би можел да ја одбие.
Клубовите од Премиер лигата исто така го следат Јамал. Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул внимателно слушаат се што се случува со 17-годишниот фудбалер.
И покрај големиот интерес, Јамал останува посветен на Барселона и тешко е за верување дека ќе замине некаде во блиска иднина. Прашање е на време кога ќе го потпише новиот 5-годишен договор во кој ќе има и ослободителна клаузула од најмалку милијада евра.