EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Мексиканскиот возач Серхио Перез и следната сезона ќе вози за тимот на Ред Бул, иако имаше шпекулации дека ќе замине од екипата. Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер објави дека Перез ќе остане во тимот без разлика на резултатите во изминатиот период.

  • Чеко останува возач на Ред Бул. Со нетрпение очекуваме да ги гледаме неговите настапи по летната пауза, истакна Хорнер.

Перез на последните осум трки освои само 28 бода, додека неговиот тимски колега Макс Верстапен дојде до 141 бод.