![UEFA Champions League - Manchester City vs Club Brugge](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/02/gvardiola-1-696x443.jpg)
Еден од фудбалерите за кои се почесто се шпекулира дека следното лето ќе игра во друг клуб е Џек Грилиш. Офанзивниот играч за врска, кој има 29 години, не започнал натпревар надвор од ФА Купот, по поразот на Манчестер Сити од Астон Вила на 21 декември.
Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, проговори за Грилиш и неговото враќање во тимот по натпреварот од ФА Купот против Лејтон Ориент.
„Џек е борец. Тој е таму да се бори на стадионите кога луѓето врескаат. Тој не играше во последните неколку натпревари. Главна причина за тоа е Савињо, кој игра феноменално лево и има одлична врска со Ерлинг, но се е отворено до крајот на оваа сезона“, изјави Гвардиола и додаде:
„Против Ориент видов некои работи во играта на Џек кои ми кажуваат дека понекогаш немам право. Тоа ми се допаѓа. Ова е нивото што сакам да го видам од Џек. Но, тој до сега не играше вака“, заклучи Гвардиола.
Во последно време се почесто се зборува за негово заминување од „Итихад“ по четири години минати во овој клуб.
Според поранешниот играч на Ливерпул, Астон Вила и Нотингем Форест, Стен Колимор, Грилиш ќе шокира со трансфер на крајот од сезоната.
„Минатата сезона постигна само еден гол за повеќе од една година, мора да работи повеќе. Имам информации дека оди во Саудиска Арабија, но не верувам дека шесте најсилни тимови од Англија ќе сакаат да го земат. Можеби Њукасл, но тие секогаш можат да одат и да купат млад фудбалер, другите клубови навистина не можат да си го дозволат. Можеби Вест Хем затоа што зад себе има пари и игра во Лондон“, изјави поранешниот играч на Ливерпул.
Извесно е дека Гралиш ќе биде еден од играчите кои ќе бидат во центарот на вниманието за време на летниот преоден рок.