Пензионерка од Берлин го подари целиот свој имот, шест милиони евра, на десничарската партија АфД

31

Десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) доби вредна донација од милион долари, поточно имот од наследство на приватно лице, јавуваат германските медиуми.

Според финансискиот извештај на партијата, АфД наследила речиси шест милиони евра од пензионерка од Берлин. Исто така, „Алтернатива за Германија“ доби две куќи вредни над четири милиони евра.

Неодамна, АфД доби повеќе од два милиони евра од поранешниот функционер на Слободната партија на Австрија Герхард Динглер.

Но, не се работеше за пари, туку за подарок во вид на изборни плакати. По падот на актуелната влада на почетокот на ноември, зголемен е бројот на донации за сите парламентарни партии во Германија.

Според последниот финансиски извештај од 2023 година, евидентно е дека АфД ја зголемила својата актива од 23 на 38 милиони евра во однос на претходната година.

ЦДУ и ФДП, партиите традиционално познати како партии на богатите и претприемачите, забележаа зголемување на донациите откако беа распишани предвремените парламентарни избори за 23 февруари.

Според анкетите, Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ и нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц сè уште водат по популарност со околу 30 отсто од гласовите. На второ место е АфД со околу 20 отсто, а потоа СПД и Зелените со околу 15 отсто.

ИЗДВОЕНИ