Граѓаните се со поделени мислења за тоа каде е поевтино и поквалитетно да се пазарува. Постарите продолжуваат со навиката секој вторник и петок, со торбите и количките за пазарење, да итаат кон зелените пазари. Велат дека на пазарите има голем избор на она што сакаат да го купат, а некои со години купуваат од ист пазарџија затоа што му веруваат, но како редовни муштерии добиваат и пониски цени.

Помладите велат дека за посета на пазар треба да издвојат повеќе време. – Пазарам исклучиво во маркет затоа што тука ми е сè што ми треба. Квалитетот ми е пресуден, но кога немаш време купуваш тоа што ќе го најдеш, макар и да не е свежо. Затоа пак, можам да си одберам, а на пазар тоа го нема, вели една вработена скопјанка

Големите супермаркети нудат овошје и зеленчук, некогаш по пониски, другпат по повисоки цени за 20, 30, па и повеќе денари од зелените пазари. Граѓаните се со поделени мислења за тоа каде е поевтино и поквалитетно да се пазарува. Постарите продолжуваат со навиката секој вторник и петок со торбите и количките за пазарење да итаат кон зелените пазари. Велат дека на пазарите има голем избор на она што сакаат да го купат, а некои со години купуваат од ист пазарџија затоа што му веруваат, но како редовни муштерии добиваат и пониски цени.

– Пазарењето на пазар за мене е ритуал. Тука се среќавам со моите познаници и застануваме покрај некоја тезга и си разговараме. Исто така, имам време да поминам по тезгите и да оценам каде да купам и дали цената ми е прифатлива. Тоа го немаш ако пазариш во маркет. Цените се тука некаде, но некогаш за ист квалитет можеш да најдеш поевтин производ и во маркет, ама според мене, на пазар ми е поубаво – вели еден скопјанец – пензионер.

Помладите велат дека за посета на пазар треба да издвојат повеќе време.

– Пазарам исклучиво во маркет затоа што тука ми е сè што ми треба. Квалитетот ми е пресуден, но кога немаш време купуваш тоа што ќе го најдеш, макар и да не е свежо. Затоа пак, можам да си одберам, а на пазар тоа го нема – вели една вработена скопјанка.

Земјоделскиот пазарен информативен систем секој ден објавува анкета каде граѓаните сакаат да пазаруваат. Педесет и девет проценти од анкетираните изјавиле дека купуваат овошје и зеленчук од пазар, 19 проценти во маркет, а 21 отсто изјавиле дека пазаруваат и на двете места.

А маркетите се секогаш предвесници на претстојната сезона. Можат да се забележат првите пролетни производи директно од локалните пластеници. Цените на овошјето и зеленчукот не се менуваат многу во последно време, иако во тек е велигденскиот пост. Од еден скопски маркет велат дека зеленчукот го набавуваат од ист производител и нема корекција на цените.

Според информациите на Земјоделскиот пазарен информативен систем, кој објавува цени на овошјето и зеленчукот на 13 зелени пазари од цела Македонија, бананите во просек се продаваат по 81 денар за килограм, лимонот по 79, портокалот по 62, јаболката по 52 денари за килограм. А килограм јагоди чинат 340 денари.

Кај зеленчукот. Цените се следни: Лукот чини 307 денари за килограм, компирот 40, зелката 56, краставицата 112 денари, кромидот 42, доматот 130 денари, морковот 50 денари. За споредба, во супермаркетите цените на некои производи се нешто поскапи, а некои се драстично повисоки.

– Никогаш не споредував цени, но по извесен период забележав дека финансиски ми е поевтино да се снабдувам на пазар – потенцира еден студент.

Пазарџиите се жалат дека маркетите секоја година им го намалуваат прометот. Официјалните пресметките на организаторите на пазарите се дека продажбата на зелените пазари како резултат на тоа е за 10 до 20 проценти пониска. Како причина за намалениот промет тезгаџиите велат дека вработените граѓани немаат време да одат подалеку, а пак, маркетите работат со подолго работно време и на едно место може да се пазари и зеленчук и овошје иако цените таму се повисоки.

Зелениот пазар во скопски Буњаковец порано беше синоним на елитен пазар каде што и покрај повисоките цени на производите отколку на другите скопски пазари, беше со преполни тезги и купувачи. Сега, над 60 проценти од тегзите зјаат празни, а купувачи можат да се избројат на прстите од едната рака.

– Сè е помал бројот на купувачи затоа што за нив е полесно да отидат во супермаркет и таму на едно место да си најдат што сакаат, а од друга не издвојуваат време да дојдат на пазар. Иако на пазарите се продаваат посвежи производи и за секој џеб и око, сепак условите стануваат сè полоши бидејќи сè помалку се инвестира во тезгите, во хигиената. Можеби треба и ние да размислиме за посебна амбалажа, за сортирање и слично, но знаете, пазар си е пазар – вели еден пазарџија на зелениот пазар во Буњаковец.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ