Општина Гази Баба отвори пензионерски клуб во населеното место Смилковци, место каде највозрасни жители ќе можат да се дружат, да рекреираат и да уживаат во различни активности.
-Клубот е создаден со цел да им обезбеди на пензионерите простор за дружење, размена на искуства и учество во забавни, едукативни и рекреативни програми. Веруваме дека ова ќе биде едно прекрасно катче за сите оние кои сакаат да бидат активни во третата доба од животот – истакнаа од Општина Гази Баба.
Благодарение на одличната соработка на Општина Гази Баба со Здружението на пензионери – Гази Баба во изминатиот период се отворени пензионерски клубови и во Инџиково и Стајковци.
За неколку денови клуб на пензионерите ќе отвориме и во Колонија.