Со измените на Законот за ангажирање на лица ќе се регулира работниот однос и на лицата коишто се пензионирани и на студентите кои работат како сезонски работници, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој очекува законот да помине во Парламентот бидејќи има делумна поддршка од опозицијата.

– Тоа е закон во којшто ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица коишто се пензионирани или се студенти. Досега тоа некако се одвиваше и беше дел од сивата економија, со измените во овој закон тоа ќе се регулира. Целта ни е да ја зголемиме вработеноста, да ја зголемиме продуктивноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата – истакна премиерот Мицкоски

 

Со измените на Законот за ангажирање на лица ќе се регулира работниот однос и на лицата коишто се пензионирани и на студентите кои работат како сезонски работници, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој очекува законот да помине во Парламентот бидејќи има делумна поддршка од опозицијата.

– Тоа е закон во којшто ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица коишто се пензионирани или се студенти. Досега тоа некако се одвиваше и беше дел од сивата економија, со измените во овој закон тоа ќе се регулира. Целта ни е да ја зголемиме вработеноста, да ја зголемиме продуктивноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата – истакна премиерот Мицкоски.

Како сезонски работници освен студенти и пензионери, можат да работат и невработени лица, корисници на социјална и друг вид помош без да ги изгубат правата на стипендија, старосна и семејна пензија, како и надоместокот за невработеност и за социјална заштита. Земјоделци, угостители, хотелиери, како и домаќинства ќе можат да вработуваат работници за извршување сезонски или повремени работи само ако овие лица ги пријават во Агенцијата за вработување и ги плаќаат даноците и придонесите поврзани со нивното вработување.

Премиерот е задоволен од економските резултати во третиот и четвртиот квартал.

-Со нашиот 3-процентен раст сме меѓу петте во Европа. За првиот квартал од оваа година очекуваме исто така поволни резултати, ќе видиме како понатаму ќе се движи. Задоволни сме од нивото на странските инвестиции, тоа е историски највисоко. Задоволни сме што конечно извозот и индустриското производство, полека, но сигурно почнуваат да растат. Така што сите перформанси во делот на економијата и сите оние индикатори покажуваат знаци на консолидирање, за разлика од тоа коешто во минатото претставуваше грабеж, пљачка и уништување – истакна премиерот Мицкоски.

Не само економскиот, туку и финансискиот систем во Македонија е стабилен со умерени ризици. Ова е посебно нотирано во Годишниот извештај на Комитетот за финансиска стабилност за 2024 година и во него се наведува дека домашниот финансиски систем покажува висока отпорност на шокови и успешно се справува со тековните предизвици. Во 2024 година, финансиските институции работеа во поповолно макроекономско опкружување, постигнаа солидни резултати и придонесоа кон продлабочено финансиско посредување.

– Ризиците за финансиската стабилност што произлегуваат од различните сегменти на финансискиот систем се умерени, како и ризикот од „зараза“, односно прелевање на ризиците од еден во друг сегмент. Сепак, и натаму има одредени неизвесности, главно поврзани со надворешните фактори, како што се геополитичките тензии и економската фрагментација. Како мала и отворена економија, домашниот систем сè уште е изложен на надворешни шокови, поради што е потребна постојана претпазливост – информираат од Народната банка.

Во тој контекст, финансиските институции и носителите на макропрудентните политики треба внимателно да ги следат состојбите, заради одржување на финансиската стабилност.

– Финансиските регулатори ќе продолжат со координирано следење на состојбите, навремена размена на информации и ако е потребно, ќе преземат соодветни мерки во рамките на своите надлежности. Тие располагаат со доволно инструменти за зачувување на финансиската стабилност, обезбедувајќи нејзино одржување и во наредниот период – велат од Народната банка.

Комитетот за финансиска стабилност е меѓуинституционално тело одговорно за спроведување на макропрудентната политика и координација при следење на системските ризици и финансиските кризи. Него го сочинуваат претставници од сите финансиски регулатори: гувернерот на Народната банка, министерот за финансии, претседателите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Комисијата за хартии од вредност (КХВ), пет претставници од Народната банка и три од Министерството за финансии.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ