ПЕНЗИОНЕР ЖРТВА НА ОНЛАЈН ИЗМАМА: Со месеци се допишувал со „жена војник од Бразил“, па останал без неколку илјади евра

148

Во текот на изминатите неколку месеци, пензионер од Славонија преку социјалната мрежа Фејсбук се допишувал со лице за кое верува дека е жена војник од Бразил. Таа го замолила да и даде лични податоци, што тој и го направил за да може да му испрати пакет.

По извесно време со него контактирало лице кое се претставило како цариник и го уверувало дека има проблем со неговиот пакет кој бил во фаза на испорака.

За да му го достави пакетот, 72-годишникот во неколку наврати уплатил неколку илјади евра на обезбедениот број на сметка, соопштија од СВР Вировитица-Подравска.