Пентагон во понеделникот го отстрани портретот на Марк Мили, пензиониран генерал и поранешен претседател на Здружениот Генералштаб, изјавиле двајца сведоци за Ројтерс, потег што дојде само два часа од инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.
Пентагон веднаш не одговорил на прашањето зошто портретот е отстранет само неколку дена по неговото откривање.
Трамп има длабоко незадоволство кон Мили и еднаш го нарече „бавен во движењето и размислувањето“ и „морон“, потсетува британската агенција.
Неколку часа пред инаугурацијата, поранешниот претседател Џо Бајден издаде „превентивно помилување’ за Мили и неколку избрани функционери и државни службеници, како и членовите на неговото семејство, барајќи да ги заштити од можна одмазда на Доналд Трамп.