Со победите на Чаир 2030, Пелистер и Феникс 2010, заврши регуларниот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига. Чаирчани го потврдија статусот на фаворити против Охрид (98:74), Пелистер како гостин мораше да се испоти и да прави голем пресврт (во еден момент губеа со 20 поени) во соочувањето со Кожув (87:80), додека пак Феникс во скопската пресметка беше подобар од ТФТ со 82:80.
МЗТ Скопје како првопласиран тим на табелата вио четвртфиналето ќе се соочи со Гостивар, Работнички оди на мегдан на Феникс 2010, Пелистер ќе се надигрува со Еуро Никел, додека Чаир 2030 за ривал го има ТФТ Скопје.