Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека по повеќе денови не се празнат контејнерите и оти од јавното претпријатие Комунална хигиена самите си одредуваат што ќе соберат, а што не.
-Откако ќе поминат нивните камиони, по улиците насекаде има ѓубре коешто по празнење на кантите не го чистат. Остануваат тоалетни хартии, пелени и што уште не. Постојано, повеќе од 10 години се јавувам во ЈП Комунална хигиена, испраќам фотографии на вибер, но се разбира џабе – се жали скопјанка. На ваквата состојба повторно не останаа имуни ниту од Општина Карпош. Оттаму велат дека немаат намера да војуваат со ЈП Комунална хигиена, туку само во името на граѓаните бараат драстично да се подобри индивидуалната хигиена. Упатуваат апел до ЈП Комунална хигиена да го подобрат работниот однос, да си ја вршат работата за која земаат пари од граѓаните. Во спротивно, најавуваат дека ќе бидат принудени да пишуваат казни на правното лице и на одговорното лице во правното лице
Скопјани се гневни и нивните реакции за нечистотијата во градот не само што не стивнуваат, туку и се зголемуваат. Тие повеќе не можат да го поднесат тоа што главниот град е преполн со ѓубре како никогаш до сега. Тоа е случај не само во центарот на градот, каде што отпадот поради нередовното собирање се прелева од контејнерите, но и од кантите, туку и во речиси сите скопски општини. Ѓубре насекаде, а околу контејнерите депонии. Градоначалниците на скопските општини креваат раменици и прстот го вперуваат во градското јавно претпријатие Комунална хигиена, кое го критикуваат за неажурност, но тоа изгледа дека не допира до нив.
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека контејнерите не се празнат со денови и оти од јавното комунално претпријатие сами си одредуваат што ќе соберат, а што не. Освен тоа, тие потенцираат дека ѓубреџиите од невнимание често пати ги кршат и кантите.
-Откако ќе поминат нивните камиони, по улиците насекаде има ѓубре коешто по празнење на кантите не го чистат. Остануваат тоалетни хартии, пелени и што уште не. Постојано, повеќе од 10 години се јавувам во ЈП Комунална хигиена, испраќам фотографии на вибер, но се разбира џабе – се жали скопјанка.
Карпошанец, пак, реагира дека општината од најурбана станала депонија, како што вели од простотилак и некултура.
На ваквата состојба повторно не останаа имуни ниту од Општина Карпош, иако и претходно реагираа заедно со Општина Центар.
Оттаму велат дека немаат намера да војуваат со ЈП Комунална хигиена, туку само во името на граѓаните бараат драстично да се подобри индивидуалната хигиена. Упатуваат апел до ЈП Комунална хигиена да го подобрат работниот однос, да си ја вршат работата за која земаат пари од граѓаните. Во спротивно, најавуваат дека ќе бидат принудени да пишуваат казни на правното лице и на одговорното лице во правното лице.
– Од вторник , 22 април, инспекторите на општина Карпош ќе започнат со контрола на теренот и со преземање на законски мерки. Доколку ЈП Комунална хигиена го сфати нашиот апел сериозно и ја подобри својата работа, Општина Карпош јавно ќе се заблагодари и ќе го пофалиме коректниот однос на менаџментот на ова претпријатие – децидни се од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека се соочени со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во згради, но и од граѓани кои живеат во куќи.
-Граѓаните на Карпош кои што живеат во куќи никогаш не се жалеле на подигнувањето на кантите за смет. Тие секогаш и редовно се подигаа два пати неделно, во сите населби. За жал, последниве десетина месеци сведоци сме на нередовно подигање на кантите со смет во Влае, Тафталиџе 1, Тафталиџе 2, Млечен ресторан, цело Козле, Трнодол, Жданец, Нерези. Од два пати, почнаа да ги подигаат еднаш неделно, а некогаш ниту еднаш. Иако граѓаните плаќаат ѓубрарина и за куќата и за дворот, собирачите на смет одбиваат да ги подигнат уредно спакувани кеси со кастрени огради или со косена трева. Значи, воведуваат нови правила кои само ним им одговараат. Револтот кај граѓаните е огромен и сосема оправдан. Собирање на сметот од пред зградите отсекогаш повеќе или помалку бил рак-рана. Но, сега оваа состојба е доведена до ужас. Речиси и да нема контејнери кои не се преполни со смет, како и околината околу нив – нагласуваат од Општина Карпош.
Ваквата состојба според нив е резултат на нередовното собирање на сметот и како што велат крајно стихијното, неорганизирано и неодговорно работење на јавно претпријатие кое има исклучително важна задача за метрополата да изгледа поубаво.
– Жителите на Карпош, од сите граѓани во Скопје се најредовни плаќачи на сметките за смет. Карпош има највисок процент на наплата и ЈП Комунална хигиена, најмногу приходи собира од оваа општина – наведуваат од Општината.
И претходно имаше вакви реакции од Општина Карпош, но и од Општина Центар, на што од ЈП Комунална хигиена одговорија дека празнењето на комуналниот отпад од контејнерите и од кантите во индивидуалните домаќинства се одвива согласно редовната динамика предвидена со Оперативниот план за собирање комунален отпад на територијата на Градот Скопје.
Воедно укажаа на загрижувачка појава на диво исфрлање на отпад собран од страна на комунални служби во општината Карпош во садовите поставени од ЈП Комунална хигиена, но и на зелени површини низ општината.
(А.П.)